Стојаноски додаде дека ЕК укажа дека е загрижена за растот на јавниот долг и тоа како Владата го менаџира.

-Од аспект на инструментите да ние сме тука ќе ги следиме будно и нема да дозволуваме повторно да се креираат вакви гломазни буџети, а да нема одговор за најсериозните прашања на целото граѓанство и стопанство, како ценовниот шок, поскапувањето на струјата, секојдневното поскапување и покачување на потршувачката кошничка ради тоа што сметаме дека 4,4 милијарди евра се сосема доволна и голема сума за да може да им се помогне на граѓаните на така кревкото стопанство кое што го имаме во државата, нагласи Стојаноски.