Вкупно 48,5 отсто од гласачите имаат намера да гласаат за Каст, кој освои делумно мнозинство во првиот круг од изборите на 21 ноември, а 48,4 отсто за Бориќ, покажува анкетата спроведена од консултантската група Атлас Интел меѓу 2.218 потенцијални гласачи.
Кога ќе се отстранат неважечките гласови, на крајот секој кандидат би добил по 50 проценти од гласовите.
Нешто повеќе од 15 милиони Чилеанци имаат право на глас на изборите в недела. Во првиот круг Каст, пратеник од редовите конзервативците, освои 27,9 отсто од гласовите, а Бориќ 25,8 отсто.