Според соопштението објавено од американската Амбасада во БиХ, американскиот функционер разговарал со водечките претставници на БиХ во Сараево во последните денови, и им пренел дека американскиот претседател Џо Бајден објавил извршен декрет со кој се најавуваат мерки за борба против корупцијата како „приоритет на националната безбедност“.
Во тој контекст, тој оценил дека неодамнешните заклучоци на Народното собрание на Република Српска за најавата за повлекување на надлежностите од државните институции на ентитетите „се закануваат да ги поништат последните 26 години мир и стабилност во регионот“.
-САД нема да се двоумат да ги повикаат актерите во БиХ, без оглед на нивната политичка определба, кои ги сметаат за одговорни за нивното дестабилизирачко дејствување и постојаната корупција. Американското Министерство за финансии може и ќе ги искористи сите расположливи средства за да се спротивстави на корумпираните актери кои ја загрозуваат иднината на БиХ и нејзините граѓани, рече вршителот на должноста помошник државен секретар Ахерн.
Претходно оваа недела, Дерек Шолет, специјален советник на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, му порача на српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик, дека тој ќе ги сноси последиците од потезите на власта на Република Српска.