Ќе дува умерен претежно северозападен ветер кој вдолж Повардарието и кон исток ќе засилува и ќе достигнува и до 60 км/ч.
Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 9 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид 6, Битола 7, Крива Паланка 6, Берово 4, Кавадарци 12, Дојран 13.
И за утре се очекува сончево и студено време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, прогнозираат од УХМР.