На денешниот редовен брифинг со новинарите, Иконому објасни дека во зависност од препораките, евентуално, за некој од празниците, онаму што ќе има многу голема посетеност особено во просторите за забава да се воведе оваа мерка, а доколку се донесе ваква одлука, навремено ќе биде соопштена.

-Доколку се оцени дека е неопходно да се спроведе оваа мерка, ќе биде на товар на граѓанинот, кој ќе треба да посети места каде што ќе биде неопходно да се покаже тестот, истакна Иконому.

Паралелно, уште еднаш категорично ја отфрли можноста за воведување нов, целосен карантин во земјата.

Во затворените простори во Грција, како што се ресторани, кафулиња, ноќни клубови, кина, театри, влез е дозволен само за вакцинирани лица и за оние кои прележале Ковид-19, а доколку се донесе одлука за тестирање, тогаш рапид тестот ќе биде задолжителен без разлика дали лицетот е целосно вакцинирано, дали примило и трета доза или ја прележало болеста.