Министерството за образование и наука објави повторен конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година.

Конкурсот е за вкупно 1205 места во девет студентски домови во Скопје, Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Тетово. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Рокот за пријавување почнува денеска и ќе трае до 31декември 2021

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mkДоколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом.

– Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи се до нивното пополнување, но најдоцна до 31 јануари 2022, наведува МОН во објавениот конкурс, во кој се содржани  информации за начинот на аплицирање и за потребните документи.