Апелациониот суд во тричлен состав од кој се дел судиите Тања Милева, Ѓоко Ристов и Енвер Беџети ја прифати гаранцијата на Мијалков.
Како гаранција екс директорот на УБК приложи 11 милиони евра, недвижен имот во хотелот Мериот, но и стан во Капиштец.
Мијалков се наоѓа во притвор во затворот во Шутка од февруари годинава, односно повеќе од 9 месеци.
Инаку на ваквата одлука на судот претходеше отвореното писмо на Бојан Јовановски во кое се потврдувам политичкиот прогон на членови, симпатизери и поддржувачи на опозицијата под закрила токму на премиерот во оставка Зоран Заев.
Нуклеарката на Јовановски ја стресе македонската јавност откако шоуменот потврди дека Заев лично тргувал со влијание и одлучувал за кој ќе се води кривични постапка и кој ќе оди во притвор.
Во писмото Јовановски го спомена и директно Мијалков истакнувајќи дека Зоран Заев извршил лично влијание и уцена врз Катица Јанева да бидат пуштени од затворски притвор Камчев, Мијалков и други лица кои се наоѓаа во притвор поради монтиран политички случај нарачан од самиот премиер.