Пред вечерашните протести на Групата родители организирани на Фејсбук против задолжително носење на заштитни маски во училиштата, епидемиологот д-р Сашо Олумчев предупредува дека сега не е време за таков ризик. Пред да се тргнат маските на децата во училиштата најпрво треба да се проследи целата ситуација и делување на новиот сој на ковид 19-Омикрон. Вели доколку се обезбедат посебни протоколи секој ученик да седи сам во клупа ситуацијата, би била поинаква, но Олумчев прашува дали училиштата воопшто имаат просторни услови и кадар да се спроведат такви протоколи. Сепак, смета дека е рано да се бара тргање на маските во училиштата затоа што не знаме што ќе донесе новиот сој, кој е се позаразен и самата инфективност и големата зараза на вирусот наметнува носење на маски.
Лидер: Оправдана ли е Иницијативата на група родители кои бараат носењето маски на час да биде избор на детето, или пак сметате дека училишната година треба да заврши онака како што ја започнаа учениците со истите протоколи?
-Ние сме поборници да се почитуваат мерките кои се донесени тука, во Европа и на светско ниво.. Се очекува доаѓањето на новиот сој на вирусот-Омикрон. Знаеме дека е многу позаразен отколку Делтата.
Да точно е , сега засега информациите кажуваат дека децата не ни страдаат многу, дури и кај возрасните не е некоја посилна симптоматологија, многу слична на грипозната симптоматологија , (поради и што многу често ги мешаат) меѓутоа самата инфективност и големата зараза на вирусот наметнува носење на маски.
Проблемот на тоа е не дека ќе се заразат луѓето и ќе имаме страшни последици, макар и децата. Проблемот е тоа што ќе имаме огромни бројки на заразени (барем така се очекува според потадоците од другите земји) кои ќе ни направат проблем , особено во здравствениот систем.
Ќе имаме огромен број на пациенти кои ќе го преплават здравствениот систем. Учлиштата исто така. Ако се заразат голем број на деца, ќе мора да ги затвориме училиштата. И едноставно ќе имаме блокада на институциите. Проблемот е во тоа. Значи не е проблемот во носењето на маски дали сакаме или не сакаме. Самиот нов сој кој го очекуваме едноставно го наметнува тоа.
Во училиштата кога би се обезбедиле услови, како што беше предвидено порано, децата да седат, сами преку едно столче, тогаш може да се укине носењето маски, да речеме од следното полугодие. Но дали имаме просторни услови и кадар за да се спроведе сето тоа?
Инаку јас мислам дека во моментов не е време да се направат такви“експерименти“ додека не видиме како ќе се “однесува“ новиот сој, кој мислам и дека веќе го имаме , само што сеуште не сме го дијагностицирале.
Треба да се почека извесно време, макар до второто полугодие, за да видиме како ќе се однесува.
И реков, или да се направат нови протоколи , по едно дете во клупа или пак да продолжиме до крајот на годината некако да го издржиме тој удар додека не видиме како ќе ни се однесува новиот сој на вирусот.
Лидер: Но, училиштата немаат простор како со нови протоколи, односно по едно дете во клупа да организираат настава до деветто одделение како и средните училишта?
-Па немаат. Токму тоа е проблемот. Немаат простории . Немаат кадар. Сите кубуриме со тоа. И здравствениот систем ни е во слична состојба. Значи ние немаме доволно персонал и доволно простор за да акумулираме таков удар кој нели највуваат дека ќе ни се слее во сите институции.
Токму заради тоа , на размислување сме дека би требало во моментов. Јас знам и јас имам дома ученик, знам како изгледа да се носи маска цел ден, точно, меѓутоа сепак треба да размислиме дека здравјето на децата ни е поважно од се!
Ако ние сеуште немаме такви услови и не можеме да ги створиме во догледно време, за да го направиме тоа што се бара според протоколите не можеме да ризикуваме. Токму тоа е поентата на сето тоа. За да ги заштитиме децата од таквото масовно заразвување како што говорат податоците дека новиот сој е многу позаразаен од другите. Само поради тоа. И да видиме каква симптоматологија ќе развие.
Да, викаат дека сега е лесно, меѓутоа се додека не видиме не можеме да дискутираме и да ризикуваме, сепак таа ни е најважна популација, најосетлива. Не можеме ние да правиме експерименти со децата .Мора да почекаме и да видиме што ќе се случува и тогаш комисиите да седнат и да одчучат како ќе се продолжи понатаму. Дали ќе се релаксираат мерките или ќе треба да се водедат малку поригорозни мерки, вели Д-р. Олумчев за Лидер.
На социјалните мрежи веќе подолг период е активна и неформалната група Стоп за носењето маски во училиштата, во која членуваат над 7.500 граѓани. Покрај во Скопје вечер собири во 18 часот со иста цел ќе се одржат и во десетина други градови.