Починаа 66 лица, а 629 пациенти (пет повеќе од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 533, односно 84.74 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.
Последниот негативен рекорд земјата го регистрираше на почетокот на ноември, кога беа соопштени 8.613 новозаразени, од рекордни 636.213 направени тестови, додека пак денеска, новите случаи се од 95.174 тестови.
Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 1.084.153 случаи на Ковид-19, а почина 20.496 лица