Семејството Рашковски испрати писмо во кое реагира на пишувањата на медиумите но предметот кој Комисијата го отворила за наводно незаконско постапување.
Семејството на поранешниот Генерален секретар ја прашува Антикорупциска.Која е компанијата од која е добиен на поклон автомобил и јавно да го доставите договорот за поклон? Таков договор не постои.Јавно да ја објавите процената на автомобилот за кој велите дека има вредност од 50.000 евра, како сте дошле до неа и дали некогаш сте го виделе автомобилот?-прашува семејството Рашковски.
Тие доставија и фотографии од доџ вајперот за кој нема никаква потврда дека станува збор за вистинскиот автомобил кој бил предмет за купопродажба.