НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО СОСЕДСТВОТО – овој пат со 5,2 степени по рихтеровата скалa

Н

Два земјотреса со јачина над 5 степени според Рихтеровата скала го погодија Крит.

Регион 29.12.2021. 22:10

По земјотресот од 5,7 степени што ноќта го потресе најголемиот грчки остров, чиј епицентар бил во морето недалеку од брегот, во 17.47 часот е регистриран нов земјотрес со јачина од 5,2 степени, соопшти грчкиот Геодинамички институт.

Според „Ројтерс“, сѐ уште нема информации за повредени или материјална штета.

Вечерашниот земјотрес бил почувствуван и во некои египетски градови, соопштија тамошните власти.

Акис Целентис, директор на Геодинамичкиот институт на Крит, за грчката телевизија „Скај“ изјави дека го почувствувал земјотресот.

„За среќа, тој беше во морето. Областа е веќе оптоварена од претходните потреси и може да има штети во внатрешноста“, рече тој.


Подкаст

Подкаст