До утринските часови, повеќе од 2.300 летови се откажани во источниот дел на Соединетите држави, соопшти денеска службата за следење летови FlightAver.
Тоа е најголем број откажани летови по оние пред Божиќ, кога авиокомпаниите изјавија дека морале да ги откажат летовите поради зголемениот број заразени со Ковид-19 меѓу персоналот, пренесе АП.
Повеќе од 12.000 летови за САД беа откажани на 24 декември.