Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, објави информации дека МВР издало македонски документи на уште еден нарко бос. Информациите се од шпански медиум кадешто пишува дека македонски државјанин, Луи Волина, бил обвинет за водење на криминална мрежа во Шпанија.
-Луи Волина, МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН со „традиционално“ македонско име веројатно крстен на дедо му Slightly smiling face е осуден во Шпанија во 2020 за ТРГОВИЈА СО ДРОГА., пишува
Николоски.
Тој бара одговорност и оставки од македонските институции.
-Нема нарко бос на кој не дале МАКЕДОНСКИ ПАСОШ. ОСТАВКИ И ОДГОВОРНОСТ!, додаде тој.
Шпанските медиуми пишуваат дека Луи Волина, македонски државјанин кој престојувал во Калдас, на 4 март 2020 година бил осуден на пет години и единаесет месеци затвор за водење на криминална мрежа што работела од различни општини во Понтеведра, вклучувајќи го и Калдас де Реис, каде бил уапсен.
-Волина, познат на властите по неговата врска со трговија со хероин, призна пред судот дека е одговорен за мрежата што беше демонтирана во јануари 2013 година, при трансфер на шест килограми хероин, кои беа запленети на патот кон Виларгасија де Ароуса, пишуваат шпанските медиуми.
Луи Волина, МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН со „традиционално“ македонско име веројатно крстен на дедо му 🙂 е осуден во Шпанија во 2020 за ТРГОВИЈА СО ДРОГА. Нема нарко бос на кој не дале МАКЕДОНСКИ ПАСОШ.
ОСТАВКИ И ОДГОВОРНОСТ!https://t.co/gug9w3FG1v pic.twitter.com/8SiRBLR1NS— Aleksandar Nikoloski (@AlexandarMKD) April 9, 2021