На 02.01.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Л.С.(54) од с.Долни Подлог, кочанско, затоа што околу 08.55 часот, за време на лов во атар на с.Јастребник испукал еден куршум од пушка „Застава М-70“ калибар 30-06 и го погодил М.С.(55) од Кочани, нанесувајќи му повреда, соопштија од МВР.
М.С. бил пренесен во Медицински центар Кочани за укажување лекарска помош.
Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.