САД ја проширија листата на санкции која е поврзана со корупцијата ширум светот, а од денеска на листата се поединци и компании кои работат во Босна и Херцеговина.
Откако американското Министерство за финансии објави проширена листа на санкционирани лица и компании од Србија, Хрватска, Косово и Бугарија во декември поврзани со корупција и други незаконски активности, „црната листа“ сега е проширена на компании и поединци од Босна и Херцеговина.
Според ажурираниот список, санкциите на Соединетите Американски Држави кои се поврзани со Босна и Херцеговина се воведени за: Алтернативна телевизија од Бања Лука поради поврзаност со Милорад Додик, како и самиот Милорад Додик, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, пренесува Кликс.ба.