Експертска комисија на јапонската влада повика на воведување посебни мерки во три префектури за да се контролира зголемениот број на заразени со Ковид-19, што некои претставници го поврзуваат со американските бази во земјата.
Доколку барањето биде одобрено, тоа ќе биде прва таква мерка од септември, кога Јапонија ги укина вонредните контролни мерки што беа во сила поголемиот дел од минатата година.
Мерките, кои ја зафаќаат јужната префектура Окинава и западните Хирошима и Јамагучи, ќе стапат на сила од 9 јануари до крајот на месецот, изјави министерот за економија Даиширо Јамагива. Официјалното одобрување се очекува подоцна денеска по состанокот на здравствените експерти.
Во сите три префектури има американски воени бази, кои вчера најавија построги контроли, со оглед на зголемувањето на заразените во земјата.
Префектурните гувернери повикаа на вонредни мерки што вклучуваат ограничени часови работа за баровите и рестораните, по зголемувањето на случаите на заразени со сојот Омикрон.