На подрачјето на Центар утрово во 4.40 часот од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Ф.М.(31) од Скопје по извршување кривично дело тешка кражба во објект.
Со него бил извршен службен разговор и одземени се предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Како што соопшти МВР, по целосното документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.