Бугарскиот премиер, претседателот и неколку министри се во самоизолација откако еден од учесниците на Советот за безбедност на кој присуствувале бил позитивен на коронавирус, соопштија здравствените власти.

Бугарскиот министер за здравство Ангел Кунчев рече дека сите учесници вчера на Советодавниот совет за национална безбедност се здрави, но ќе останат во изолација откако претседателот на Собранието Никола Минчев се покажал позитивен на вирусот.

На средбата заедно со премиерот Кирил Петков и претседателот Румен Радев присуствувале и министрите за внатрешни работи, одбрана и финансии, како и заменици министри за надворешни работи и претставници на најголемите политички партии.

„Премиерот ќе биде во карантин, според правилата“, изјави владин претставник за Ројтерс.

Петков ќе продолжи да работи од дома, а обврските кои бараат негово присуство ќе ги преземе заменичката Калина Константинова, соопшти Владата.

Бугарија, земја со околу 7 милиони жители, денеска имала 6.761 нов случај на коронавирус.