Американската заменичка државен секретар, Венди Шерман, синоќа се сретна со Стефано Санино, генерален секретар на Европската служба за надворешни работи, јавија од Стејт департментот.
На средбата во Брисел двајцата ја реафирмирале одлучната поддршка на САД и ЕУ за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
-Тие дискутираа за нашиот обединет пристап околу руското неиспровоцирано натрупување војска на границата со Украина, кажа портпаролот Нед Прајс.
Се додава дека се дискутирало и за заедничката загриженост во однос на политичкиот притисок и економската принуда од страна на Кина против Литванија.