Од Оперативниот тим потраги вчера на улицата „50. дивизија“ бил лишен од слобода М.Т.(55) од Скопје, на кого му била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Скопје 1, за издржување затворска казна во времетраење од две години, за кривичното дело по чл.247 од Кривичниот законик.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.