Премиерот на Бугарија Кирил Петков на 18 јануари ќе допатува во официјална посета на Скопје, Република Македонија.
Во бугарската делегација се министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, министерот за транспорт и врски Николај Сибев и потпретседателот на Народното собрание Кристијан Вигенин.
Петков требаше претходно да допатува во посета на Македонија, но таа беше одложена откако нему, и на претседателот Румен Радев, им беше наложена задолжителна изолација поради контакт со лице заразено со коронавирус. Карантинот му беше укинат откако достави негативен ПЦР тест.