Познатата македонска водителка, Милена Антовска-Станковска по вторпат стана мајка. Таа роди девојче, кое го доби името Јоана.
Милена на свет ја донесе ќерката на убавиот празник Василица, а само ден претходно, убавата водителка го прослави својот роденден.
Милена и нејзиниот сопруг Гордан првпат станаа родители пред четири години, кога ја добија ќерката Лана Марија.
Милена пред два дена го прослави својот 35-ти роденден, па на социјалните мрежи објави дека нема да прави голема забава, бидејќи во секој момент очекува да се породи.
Милена се породила на Клиниката за гинекологија и акушерство.