Владата на заевизмот на чело со пиунот Ковачевски молчат и не откриваат какви преговори водат со Бугарија. Имаме молк од владата на заевизмот за содржината на пакетот 5+1 одговори кои се доставени до Бугарија. Јавноста не знае што содржи овој пакет одговори, не знае ниту Собранието, ниту опозицијата. Од Бугарија дознавме дека на самитот на НАТО во Рига се доставени овие одговори уште во есента 2021-ва, а денес сме веќе на крајот на месец јануари 2022-ра, а власта уште се крие, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Што содржи овој пакет одговори, за кој вицепремиерот Артан Груби ќе каже дека се удобни за ставовите на Бугарија?
Што преговара министерот Бујар Османи, за кој и неговиот довчерашен колега Никола Димитров вели дека не му верува? Ако дошло време еден кариерист како Димитров да кажува дека Османи по секоја цена брза да го реши спорот без да внимава на интересите на Македонија, тогаш логичен е стравот на целата јавност за тоа какви отстапки е подготвен заевизмот да направи на сметка на македонските интереси, стои во партиското соопштение и се додава:
„Колнењата на пиунот Ковачевски дека македонскиот идентитет ќе биде заштитен, не поминуваат. На човек што се поклонува на Зоран Заев не може да му се верува. Народот виде дека кога СДСМ се повикува на македонски жици, тогаш се прави безмилосен пазар со јазикот, историјата и идентитетот“.