Веднаш на почеток, постои ли договор којшто Лотарија на Македонија го потпишала со бугарска компанија за онлајн коцкање?
Дали тоа е компанијата 7777.бг, клон на четирите осмици на бугарското подземје?
Дали Артан Груби го заобиколи законот, со тоа што Владата со негов потпис донела Одлука за три фирми за коцкање, затоа што Лотарија така одлучила?
И уште едно прашање, со однапред општопознат одговор, дали директор на Лотарија, и прв на УО на Лотарија, е шефот на кабинет на Артан Груби, Перпарим Бајрами?
-Ова се фактите, Артан Груби речиси две години се обидува да го смени законот за игри на среќа во Собранието, еднаш се обиде со европско знаменце, не успеа, потоа со автентично толкување кое што не заврши во Собранието.
И додека Македонија тоне во сиромаштија и се крадат лекови од болни, Артан Груби преку неговиот шеф на кабинетот, со популарен „дупли пас“ дозволува три нови лиценци за коцкање во Македонија. Тоа е ова Одлука на Владата со потпис на Артан Груби каде што се вели дека со оваа Одлука се одобрува работењето на Управниот одбор на Акционерското друштво за приредување на игри на среќа на државна Лотарија на Република Македонија, во врска со донесувањето на Одлуката за отпочнување на постапка за основање на три нови друштва за приредување на интернет игри на среќа.
По оваа Одлука, Лотарија објавува оглас во Сл. Весник, на 11-ти септември, број 189, страница 12, на којшто се дава фоторобот на фирмата.
8888.бг, е позната како онлајн казино, коцкарница на бугарското подземје, водена од Черепот.
Клон на оваа фирма е онлајн коцкарницата 7777.бг, водена од истите луѓе, истата платформа, истата структура, само друга страница на 8888.бг.
Васил Бошков, Черепот, според Блумберг, е во домашен притвор во Бугарија. И тука во Блумберг е опишан како коцкарски могул и олигарх поврзан со подземјето.
И оттука, многу е важно да се покаже, дали Лотарија на Македонија, дали Груби преку неговиот шеф на кабинетот, Македонија ја уортачил со бугарски мафијаш, коцкарски могул, притворен во Бугарија?
Македонија тоне во сиромаштија, секојдневно се штрајкува и протестира, се крадат лекови од болни со канцер, ама Артан Груби тера подземни бизниси!
Лотарија е државна фирма и овој документ за партнерство не може да остане таен!, додава Стоилковски.