Целото соопштение го пренесуваме во продолжение:
Првото нешто што треба да се објасни е дека и покрај препораките на Обединетите Нации дека ваквите комплицирани процеси не се организираат во време на пандемија, парламентарното мнозинство одлучи да го започне овој процес. Но, кога видовме дека ова мнозинство не ги слуша здравствените аргументи, додека нашите гласови не можеа да ја променат таа одлука, му пријдовме на проблемот, како и што може да се придобие од овој процес.
Затоа го подржавме законот, кој беше саботиран од парламентарното мнозинство и после тоа ја вршевме цела таа локална кампања и пошироко за да ја мобилизираме нашата дијаспора да се попише, додека внатре ги ангажиравме нашите структури да ја извршуваат оваа задача со најголема одговорност.
И тогаш, кога излезе дека Албанците само во дијаспората надминале 200 000 попишани, додека македонската страна го бојкотираше пописот, двајцата лидери на најголемите македонски партии, таа на СДСМ – Заев и на ВМРО-ДПМНЕ – Мицковски, се сретнаа лице в лице на моноетнички состанок, со цел да се одложи пописот. Затоа, знаејќи колку е опасно за една држава аспирант за членство во ЕУ да одлучува за државни прашања на моноетнички состаноци, а државата да го откаже пописот по втор пат, додека во последните 20 години немаше попис, ние го спречивме неговото поништување, така што до 1 април тие што се согласија не успеаја да донесат парламентарна одлука за нејзино одложување. И, наместо да се продолжи со процесот на попишување на 1 и 2 април, само благодарение на договорот Заев-Мицковски, беше прекршен Законот за попис на населението и домаќинствата, бидејќи Државниот завод за статистика не ја исполни законската обврска. За да биде повредата уште поголема, претседателот на Собранието ја спречи албанската опозиција да поднесе амандмани, додека – парадоксално – дозволи предложената законска измена да се воведе во Комисијата за Европски Прашања, иако со нив се кршат европските вредности. Потоа следуваше пленарна седница, на која тие (СДСМ-ВМРО-ДУИ) гласаа за одложување на пописот, што повеќе се чита како прекин отколку како одложување.
Тоа што остави лош вкус во целиот овој процес беше позицијата на Демократската Унија за Интеграција, која и покрај државните интереси да не се прекине пописот и покрај албанските интереси за пописот да продолжи според започнатата динамика, оваа партија се приклучи на одлуката на средбата Заев- Мицковски, на која дури и не беше поканета да учествува, со цел да излезе против евроинтегративните интереси на земјата, како и против албанските интереси да се попишат. За нас не беше изненадување, затоа што добро го познаваме овој субјект, но повеќе беше жално што оваа партија во време кога требаше да се дефинира самата дали е со Албанците или против Албанците, се приклучи кон македонските партии и нивните интереси против Албанските интереси. Зошто таа прави вакви постапки, ова тие мора да го објаснат, додека ние сме убедени дека Албанците нема да заборават кој во каква позиција беше во овој стратешки и историски момент.
Начинот на одложување на пописот зборува за индикација дека одредени експоненти на македонската националистичка политика ќе дадат се од себе, преку Уставниот Суд, да се откаже пописот на дијаспората, со цел да се спаси процентот на Македонци и да се намали процентот на Албанци. Откако протераа 300 илјади Албанци од оваа земја, сега сакаат целосно да ги избришат од правото да бидат дел од оваа држава.
Затекнати во оваа ситуација, ние – албанската опозиција, односно коалицијата Алијанса за Албанците & Алтернатива ќе продолжиме многу внимателно да ја водиме битката со сите демократски средства и да ги демаскираме сите тие што за ситни интереси ја загрозуваат европската иднина на Македонија и се ставаат во анти -Албански агенди. Со зачувување на мултиетничката држава, грижејќи се да не се создаваат етнички поделби во нашата држава и останувајќи верни и лојални на интересите на нашите гласачи, ние ќе се погрижиме овој стратешки интерес на државата и на Албанците да не се погази и пописот да продолжи до попишување на секој во списокот на жители резиденти на оваа држава. Ние не можеме да дозволиме некој сè уште да се потсмева со процентот на Албанците, бидејќи Албанците не се ниту процент ниту дел, туку се мнозинство, државотворни и се неразделна целина..