Членовите на црногорската влада во техничкиот мандат испратија видео честитка по повод Денот на Европа.
Премиерот Дритан Абазовиќ во видео честитката на членовите на Владата по повод 9 Мај – Денот на Европа, рече дека модерна Црна Гора ги наследува и промовира вредностите на кои почива Европската Унија.
Абазовиќ рече дека Црна Гора е следната членка на ЕУ.
Во Европа, 9 мај се слави како Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, во знак на сеќавање на крајот на Втората светска војна во Европа во 1945 година и почетокот на создавањето на Европската унија, пет години подоцна.