Тоа е еден од последните потези на Обединетите Арапски Емирати, земја во која брачниот статус е регулиран според строгите шеријатски принципи, за одржување на конкурентноста како регионален трговски центар.

Според декретот на владетелот на Абу Даби, шеикот Калифа Зајед ал Нахаџан, кој е и претседател на федерацијата на седум емирати на ОАЕ, новиот закон опфаќа граѓански брак, развод, алиментација, заедничко старателство над децата, доказ за татковство и наследство.

Целта на законот е „да се зајакне позицијата и глобалната конкурентност на Емиратите како една од најатрактивните дестинации за таленти и луѓе со вештини“.

Граѓанскиот закон за немуслиманите е прв од ваков вид во светот што е „согласно најдобрата меѓународна практика“.

Во Абу Даби ќе се формира нов суд кој ќе се занимава со немуслимански семејни прашања, а сите прашања ќе се решаваат на арапски и англиски јазик.

Обединетите Арапски Емирати воведоа голем број законски измени на федерално ниво минатата година, вклучително и декриминализација на предбрачниот сексуален однос и консумирање алкохол, а исто така беше укинато одредбата за благи казни во случаите „убиства од чест“.

Таа земја од Персискиот Залив се обидува да привлече странски инвестиции преку законски измени и да се направи себеси попожелна за долгорочен престој.