АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје.
Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23 година.
Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од РКЕ.
-Двете компании покажаат општествена одговорност и свесност за моментот во однос на потребите на граѓаните на Скопје и постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се апсолвираат во следниот период, велат од АД ЕСМ.