Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, информираат од АД МЕПСО.

-Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата, соопшти АД МЕПСО.

Божиновска: МЕПСО ќе биде под Министерството, ЕСМ останува под Влада

Оттаму информираат дека нивните екипи продолжуваат да работат на целосно нормализирање на стабилноста на електроенергетскиот систем.

-Систематично има реализација на новите инвестиции во тесна соработка со соседните преносни систем оператори. Се придонесува за зајакнување на стабилноста на системот, кој во минатото беше сериозно запоставен и неадекватно одржуван. АД МЕПСО и понатаму будно ја следи состојбата и се врши координација со преносните системи во регионот со цел да се обезбеди стабилност во системот и безбедност на корисниците со напојување со електрична енергија, посочуваат од АД МЕПСО.

Ноќеска поголемиот дел од државата краткотрајно остана без напојување со електрична енергија.

Извор:  Курир