АД Пошта доби целосно ново раководство. На директорското столче седнува Орхан Куртиши од Куманово. Тој на оваа позиција седнува по неговиот претходник Идри Истрефи.
Заменик на Куртиши е Николчо Угринов од Струмица. Управниот одбор доби уште пет останати членови: Даница Јованова, Хатије Етеми, Агим Бафтија, Бојан Кереместевски и Дејан Николовски.
Куртиши е член на коалицијата ВЛЕН, а на оваа позиција доаѓа како досегашен прв човек на огранокот на Алтернатива во Куманово. Тој се заблагодари за укажаната можност да биде на оваа позиција.
АД Пошта се соочува со многу проблеми од претходното раководство како доцнење пратки, изгубени пратки, несоодветни услови и слично. Останува да видиме дали Куртиши и Угринов успешно ќе се справат со предизвикот да ја вратат Пошта да биде повторно стабилна институција.