Постигнала големи успеси во областа на нејзината птофесија, мислам дека заслужува да биде градоначалник на Град Скопје, коментира Аделина Тахири за кандидатурата на Арсовска.

-Колку што ја познавам, таа не поддржува дискриминација по основ на етничка, партиска, родова, верска ниту по јазична припадност и не прави разлика меѓу луѓето! Од таа причина сметам дека силно треба да се поддржи нејзината кандидатура за да биде на чело на нашиот град, пишува понатаму во својата објава Тахири.