Изборниот процес се одвиваше мирно, без инциденти кои би можеле да се одразат на овој процес. Благодарност до секој гласач што ја избра европската иднина на земјата и да ги осудиме обидите на опозицијата која преку пропаганда лажни вести и дезинформации сакаше да сее страв и паника, порача портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми на прес-конференција.
-Европскиот фронт денеска ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум кој ќе ја запечати европската иднина на земјата. Враќање назад нема и нема да има, бидејќи волјата на граѓаните е над се. На 24 април и денеска народот го кажа својот збор и Европскиот фронт засекогаш ќе остане верен на волјата на гласачот. Вечерва победата е наша. На сите вас кои кажавте „Не на Русија, да на Европа“, порача Адеми.
Активното и масовното учество на граѓаните, тој вели дека ќе биде одлучувачко за натамошното напредување на демократијата во Македонија.
На новинарско прашање дали со тоа што ДУИ не повика на гласање во вториот круг од претседателските избори и дали Адеми лично гласал за избор на шеф на државата, тој посочи дека Европскиот фронт ги оставил поддржувачите сами да одлучат како ќе се однесуваат на изборите.
-Ако направите споредба во процентот на излезност на двојните избори, може да се констатира дека има мала разлика, но не до тој степен што би се одразила фактичката состојба на нашите поддржувачи. Имаше поддржувачи на Европскиот фронт кои денеска ја изразија својата волја на претседателските избори, а јас не гласав, додаде тој.