„Тоа е прашање кое му припаѓа на лидерот на партијата“, вака пратеникот и член на ДУИ, Арбер Адеми ја коментира веста што претседателот на партија, Али Ахмети треба да ја соопшти на 5-јуни, на роденденот на најголемата албанска партија.

Според него, тоа апсолутно ќе биде изненадување, кое само Ахмети знае што ќе содржи.

Јас не знам, сигурен сум, додава Адеми, во гостувањето на ТВ Алсат.

Премиерот Зоран Заев пак денеска во изјава за медиумите посочи дека знае за што станува збор, о не сакаше да открие детали бидејќи тоа ќе треба да го каже лидерот на интегративците Ахмети.