Адвокатот Драган Стари Пешевски се огласи во врска со случајот на Ива Михаилова, тврдејќи дека таа имала можност да преземе одговорност и да се соочи со правдата, но одлучила да замине во Бугарија.

-Ива Михаилова несакајќи да понесе одговорност и да се соочи со правдата (каде имаше шанса а и сеуште има да биде ослободена), неодговорно, нелогично, нездраворазумно, не присилена од никого и сеуште неосудена за свој долгогодишен затвор ја одбра Бугарија… Таквата одлука за брзо и се удри од глава!!!, смета Пешевски.