Адвокатот Драган Пешевски „Стари“ информираше дека на Горан Ангелов-Ќосето му е дозволен прекин на издржувањето на затворската казна. Прекинот ќе биде во траење од два месеци. Тој ги објасни причините и се заблагодари на сите кои му помагале во споделувањата.

Притисокот од јавноста се исплатеше. На Горан Ангелов-Ќосето му е дозволен прекин на издржувањето на затворската казна во траење од два месеци за кои можеби ке побараме продолжување со оглед на тоа дека излезе дека му се скршени 4 ребра (не три) од кој едното со дислокација. Криво ми е што и во ваква ситуација се во државава мора да иде на сила и некој да биде јавно објавен за да постапи!!! Фала ви на сите за споделувањето, значително помогнавте, напиша адвокатот Пешевски.

Инаку, адвокатот Драган Пешевски низ годините се залага слобода за лицата кои се осудени за „27 Април“. Тој претходно со Јанаки Митровски предложи амнестија за осудените за 27 април.

Адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски информираа дека поднесуваат предлог Закон за амнестија на осудените за настаните од 27 Април.

По смртта на Игор Југ одново се актуелизираше темата за слобода за уставобранителите.