Пратеникот Мирче Аџиоски ги посети населените места Езерани, Царев Двор, Дрмени, Лавци,Перово, Волкодери, Покрвеник,Шурленци каде посочи дека ќе разговараат со сите граѓани од овие населени места.

Продолжуваме со средбите во општина Ресен, во населените места Езерани, Царев Двор, Дрмени, Лавци,Перово, Волкодери, Покрвеник и ќе завршиме во Шурленци. Ќе ги посетиме сите населени места, ќе разговараме со сите жители на овие населени места кои што му порачуваат на Димитар Ковачевски да се охрабри, да излезе на лидерската средба, да дојде сам на лидерската средба доколку му дозволат Али Ахмети и неговото раководство од СДС кои што најверојатно немаат доверба бидејќи не го праќаат сам, рече тој.

Пратеникот Аџиоски побара Ковачевски да прифати предвремени избори и да го слушне мислењето од народот за работата на оваа влада на СДСМ и ДУИ.

Нека се охрабри, нека излезе на лидерската средба, нека прифати предвремени избори и да го слушне мислењето од народот какви се за него и за работата на оваа влада на СДСМ и ДУИ, порача Аџиоски.