Поголема конкуренција, пониски цени на услугите. Вака Агенцијата за електронски комуникации гледа на најавата за влез на трет мобилен оператор во државата. Директорот Јетон Акику вели слободни фрекфенции има бидејќи претходно веќе работеле три компании, а најголема корист од доаѓањето на нов мобилен оператор ќе имале граѓаните, објави Сител.
„Со трет оператор би имале уште подобри услуги и во тој смисол е добро да има трет и треба да има и најверојатно тоа би значело намалување на цените. Тоа е економска теорија, повеќе конкуренција-помали цени. Имаме празни слотови во сите френкфенциски опсези за тре оператор, пошто имавме трет. Кога се случи спојувањето на двата оператори, дел од фрекфенциите ги одземавме назад за да има можност за трет оператор“ изјави Јетон Акику, Директор на АЕК.
Владата вчера информираше дека Унгарската групација фор ај џи испратила писмо со намери да инсталира мобилна мрежа во земјава, но првиот човек на АЕК вели дека засега не го добиле во Агнецијата. Акику појаснува дека писмото со намери не значи дека таа компанија ќе биде третиот оператор за мобилни услуги.. Ќе се распишел тендер на кој ќе можат да се пријават сите компании кои ќе ги исполнат условите.
„Ако го добиеме писмото за интерес, ние законски ќе треба да одговориме, да им кажеме кои се условите и според закон се отвара тендер и може да се појават и други кои не појавиле интерес, но може да се заинтересираат за учество. Ако се појават повеќе заинтересирани има јавно наддавање, ако се јави еден се оди на цената одредена како почетна за добивање на дозволата“, вели Јетон Акику, Директор на АЕК.
Највата дека унгарската компанија сака да инвестира во мобилна телефонија доаѓа по неполна недела откако министерот за транспорт и врски Александар Николоски објави дека се сретнал со претседателот на фор ај џи групацијата и најави дека е време за поевтини цени и конкурентски услуги.
Инаку, според податоците на АЕК, во земјава има 2 милиони и 100 илјади активни мобилни телефонски броеви. Сопствени мрежи имаат два мобилни оператори, а услуги нудат уште четири виртуелни, но кај нив има помалку од пет отсто од вкупниот број корисници