Според британскиот портал „Ер сервис 1“, на второ место е аеродромот во Истанбул, кој примил и испратил 2,8 милиони патници. На трето место е уште еден московски аеродром – „Домодедово“, со патнички сообраќај од 2,45 милиони луѓе месечно.

Општо, најпрометниот аеродром во историјата останува „Хитроу“ во Лондон. Меѓутоа, последниве два месеци, тој се наоѓа на 17. место во статистиката за аеродромите во Европа.

„Шереметјево“ стана првиот аеродром во Русија што понуди единствена можност за минување пасошка контрола со помош на биометриски податоци.