Стивен Тајлер и рок-бендот „Аеросмит” повторно ја одложија својата европска турнеја. Тие требаше да почнат во јуни оваа 2022 година, но одлучија и годинава да ги откажат концертите поради „постојаните ковид ограничувања и други проблеми“ и да ги заштитат своите обожаватели и екипата.
Во објава на нивниот интернет сајт, рокерите напишаа: „Длабоко жалиме што објавуваме дека нашата европска турнеја, закажана за јуни и јули 2022 година, е откажана. Продолжуваме да ја следиме ситуацијата со ковидот, поврзаната неизвесност за логистиката на патувањето, континуираното присуство на ковид ограничувањата и другите проблеми. Стана јасно дека нема да биде можно да продолжиме со нашите летни концерти во Европа. Здравјето, безбедноста и благосостојбата на нашите обожаватели се наш приоритет број еден. Ќе се вратиме во полна сила и се надеваме дека наскоро ќе ја објавиме таа возбудлива вест“.
Рок-легендите веќе двапати ги одложија концертите, кои првично требаше да се одржат во 2020 година.