Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници.
Корисници на оваа поддршка се земјоделски стопанства кои имаат пријавено обработени површини со домати, пиперка, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, рукола, морков, целер, пашканат, цвекло, аспарагус, ротквици, цвеќе и култувирани, ароматични и зачински растенија.
-За оваа мерка исплатени се 10.987 корисници со вкупна сума од 214.7 милиони денари. Продолжуваме со засилена динамика во однос на исплатите по програмата за финансиска поддршка во земјоделството. По лозаропроизводителите и полјоделците, ја исплаќаме и финансиската поддршка за градинарите. Во следните денови продолжуваме со исплата на останатите мерки од растителното и сточарското производство, истакна директорот Никица Бачовски.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во текот на минатата недела реализираше исплати за оддржување на лозови насади и за одледување на житни кулутур за што беа исплатени 17 милиони евра кон 15.000 лозари и 24.000 полјоделци.