Топлотен бран од Африка пристигна во Македонија

Топлотен бран од Африка. Македонија веќе од денес, сабота (31 мај), постепено потпаѓа под влијание на силен тополотен  бран од Африка, што ќе предизвика стабилен пораст на дневните температури ширум земјата. Според првичните мерења, највисоката температура до 17 часот е забележана во Гевгелија – дури 28 степени Целзиусови.

Температурите секојдневно ќе растат

Метеоролозите предупредуваат дека температурите ќе продолжат да се зголемуваат, особено во јужните и југоисточните делови на земјата. Во наредните денови, врелото време ќе ги зафати сите региони, што може да донесе и ризици по здравјето, особено кај повозрасните лица и хронично болните.

Попладневни нестабилности во источните делови

И покрај топлиот тренд, локални нестабилности беа забележани попладнево, најмногу во источните предели на Македонија. Таму имаше краткотрајни поројни дождови проследени со ретки грмежи. Сепак, ваквите појави се очекува да бидат изолирани и без поголемо влијание на целокупната временска слика.

Совети за заштита од жештините

Граѓаните се советуваат да избегнуваат директно изложување на сонце, посебно во периодот од 11 до 17 часот, да внесуваат повеќе течности и да носат лесна облека. Топлотниот бран од Африка ќе продолжи и во текот на наредната недела, при што температурите може да надминат и 35 степени.

Извор: Република