Поранешниот полицаец Ерик Адамс, Афроамериканец кој се борел против расната дискриминација во полициските сили е нов градоначалник на Њујорк.
Тој ќе биде вториот Афроамериканец на чело на „големото јаболко“ – работа која често се опишува како втора најтешка во САД по претседателската. Досегашниот градоначалник Деблазио му честиташе на својот наследник на Твитер велејќи дека Адамс ќе биде извонреден градоначалник.
Адамс победи на прелиминарните избори од Демократската партија за градоначалник уште во јули, а градоначалничката функција ќе ја преземе од први јануари.
Новоизбраниот градоначалник служел во полициската управа во Њујорк 22 години, четири мандати како сенатор на државата Њујорк и 7 години како прв Афроамерикански претседател на Бруклин.