мериканската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер не може да каже кој ќе биде следниот бизнисмен, политичар или функционер што САД ќе го стават на „црната листа“, но после бизнисменот Орце Камчев кој вчера му се придружи на Рамиз Мерко на оваа листа, најверојатно ќе има и други лица.

Стејт Депарментот во моментов разгледува повеќе личности и организации, но Агелер рече дека не може да соопшти кој ќе биде следен. Таа на прес-конференцијата по повод црната листа на САД истакна дека најважно е да се видат следните чекори, односно што ќе преземат судските органи затоа што доказите против оние лица ставени на „црната листа“ се собрани. Вели, САД нема да дојдат и да уапсат некого или да преземат мерки против одредена личност.

– За Македонија да ги надмине предизвициите кои се пред неа, корупцијата не смее туку така да минува. Одговорните мора да одговараат. Не можам да кажам која личност би била следна. Ова е многу сериозно назначување. Има повеќе личности и организации кои во секој момент се разгледуваат“, објасни Агелер.

Агелер порача дека корупцијата, во каква било форма, не треба да се толерира, а одлуките што би можеле да следат од правосудните органи и други институции зависат од нив самите.

Бизнисменот Орцр Камчев од вчера е на „црната листа“ на САД поради корупција. Стејт Депарментот смета дека Камчев интензивно се заминава со корупција повеќе од 10 години и дека го искористил своето богатство за да влијае врз судските одлуки, а неговото однесување придонело и да се сруши Специјалното јавно обвинителство.