Амбасадорката на САД, Ангела Агелер оцени дека политизирањето на темата миграција не им служи на граѓаните и порача дека се потребни сериозни, одговорни и системски разговори, наместо партиски пресметки и собирање политички поени.

Не мислам дека многу луѓе во Вашингтон ја следат оваа дебата тука, миграцијата е големо прашање, огромна тема во САД во моментов. И ние водиме такви разговори со многу држави, тоа е нормално, но самото постоење на разговор не значи дека има политика, и секако не можам да зборувам за разговори што ги водело ОК, но претпоставувам и знам дека тие, како и ние, водат разговори со секакви држави.

Ова е тема со која граѓаните се борат, и затоа, секако, разговарате со пријателите и сојузниците и партнерите како заедно да се справуваме со ова.

Повторно, она што не мислам дека е корисно е да заземете една страна за кое било прашање, вклучително и за толку важно како миграцијата, само за да добиете политички поени. Не мислам дека тоа е продуктивно. Мислам дека сериозни разговори, сериозни и продуктивни разговори, треба да се водат за ова прашање кое е важно.

Тоа е навистина лоша услуга за граѓаните да се сведе само на политичка тема.

Водител: Слушаме многу партиски пресови со тврдења за корупција, меѓусебни обвинувања, не гледаме ефект, освен луѓето што се разочарани од политиката и институциите, видовме оставка на јавниот обвинител откако Владата започна постапка. Дали мислите дека е најважно кој седи на фотелјата или треба системски промени, реформи?

Агелер: Тоа е интересен развој. Една работа ја гледам како нездрава, се случува во многу земји и во САД – некорисно е партиите да се расправаат само за да не се согласуваат.

А нешто што мислам дека е корисно е кога политичарите, политичките лидери, на кое било ниво, ќе кажат: Знам дека не се согласувам со мојот противник, без разлика дали сум во влада или опозиција, поради ова, и мислам дека треба да го направите тоа, нешто конкретно, а не само, знаете, како што велиме кај нас во САД – да се надмудруваме со аргументи од типот „јас знам што си, ама што сум јас“, каде ќе си враќате назад-напред. Што и да кажете, ќе се спротивставувам само затоа што сме на спротивни страни.

Ништо не се постигнува со тоа, туку да излезете пред јавноста и навистина да имате план, и затоа само да велите „јас ќе противречам на сè што ќе кажете затоа што сме различни партии“ не им помага на никого. Што сакате да постигнете? И мислам дека тоа го сакаат и гласачите.

Навистина ме погодува ова, особено кај младите, кои често велат дека не им се важни темите за кои зборуваат некои политичари. „Јас се грижам за економијата, важно ми е какви можности за работа има.“ Вие се расправате за работи што не влијаат на мојот живот. Зборувајте за работи што влијаат на моето здравство, мојата безбедност, моите економски можности тука, за работните места за моите деца, за сите тие можности и што правите за да донесете тука надеж за оваа држава, народот, за просперитет и безбедност.