Вечерва на свеченото одбележување годишнината од американската независност во Амбасадата на САД во Скопје, амбасадорката Анџела Агелер во својот говор рече „три децении, Соединетите Американски Држави и Македонија ги издржаа глобалните шокови и политичката смена на генерации – и секој пат излегоа посилни“.
-Три децении, Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ги издржаа глобалните шокови и политичката смена на генерации – и секој пат излегоа посилни. Тоа е отсликано во заедничките мисии во Ирак и Авганистан и големите вежби на Криволак, подготовките за заедно да се бориме за зачувуванье на мирот. Веќе три децении заедно му покажуваме на светот што може да се постигне со силина, компромис и трпение. Покажавме како изгледа вистинско пријателство и вистинско партнерство. Тоа е зачувуванье на вашето културно наследство со почит што му прилега на едно глобално богатство. Тоа се тешки, искрени разговори за теми од големо значење за двете наши земи. И тоа е тага која ја делиме со вас кога ќе изгубите млади и прекрасни животи во страшен пожар. Бог да ги благослови Соединетите Американски Држави, и Бог да ja благослови Република Северна Македонија, рече Агелер.