Агресијата е чувство кое најчесто полека, но сигурно се „вбризгува“ кај лицата кои се чувствуваат осамено, се сомневаат во себе, имаат незадоволство од финансиската состојба, или пак, не примаат доволно љубов. Овие чувства најчесто се филтрираат преку социјалните мрежи и економската криза. Според училишниот и семеен психолог Ивана Велевска причините поради кои агресијата се јавува се емоционалното потекло, стресот, социјалните мрежи и финансиската состојба.
-Агресијата е се почеста појава во денешно време, не само кај возрасните туку и кај малолетниците, па дури според некои истражувања се почесто се јавува и кај деца од предучилишна возраст. Социјалните мрежи кои во последно време се достапни речиси за сите луѓе и возрасти, каде што се почесто се прикажуваат содржини со насилно однесување допринесуваат децата и младите да го копираат таквото однесување и истото да го манифестираат кај своите врсници, исто така финансиската состојба на семејството допринесува за тоа нивото на агресија да расте, појаснува Ивана Велевска.
Таа за МИА вели дека со тоа што голем број на семејства се соочуваат со економска криза, возрасните сè се почесто лути и нервозни, односно не се во можност смирено да разговараат со своите деца и да поминуваат квалитетно време со нив, при што често се случува да им забрануваат одредени работи, децата да не се ислушани, прашани како се чувствуваат и слично, што според Велевска допринесува за појава на агресија.
Агресивното однесување кај малолетниците неретко е евидентирано и во МВР Билтените, а најизразено е за викендите.
-До овој момент во текот на месец октомври согласно електронскиот билтен на подрачје на СВР Скопје евидентирани се вкупно 19 пријави за оштетени малолетни лица при насилство и нарушен јавен ред и мир со физички напад. Од нив во десет настани наведено е дека сторители се малолетни лица додека за останатите девет нема евидентирано возраст на сторителите, а исто така оштетени се малолетни лица, информираат од МВР за МИА.
Кризните состојби ќе предизвикаат појава на негативни психички состојби
Психологот порачува дека „се е обратнопропорционално – колку помалку родителите поминуваат квалитетно време со своите деца и им пружаат помалку љубов, толку повеќе ќе расте незадоволството и агресијата кај нив“.
Таа за МИА вели дека со тоа што голем број на семејства се соочуваат со економска криза, возрасните сè се почесто лути и нервозни, односно не се во можност смирено да разговараат со своите деца и да поминуваат квалитетно време со нив, при што често се случува да им забрануваат одредени работи, децата да не се ислушани, прашани како се чувствуваат и слично, што според Велевска допринесува за појава на агресија.
Агресивното однесување кај малолетниците неретко е евидентирано и во МВР Билтените, а најизразено е за викендите.
-До овој момент во текот на месец октомври согласно електронскиот билтен на подрачје на СВР Скопје евидентирани се вкупно 19 пријави за оштетени малолетни лица при насилство и нарушен јавен ред и мир со физички напад. Од нив во десет настани наведено е дека сторители се малолетни лица додека за останатите девет нема евидентирано возраст на сторителите, а исто така оштетени се малолетни лица, информираат од МВР за МИА.
Кризните состојби ќе предизвикаат појава на негативни психички состојби
Психологот порачува дека „се е обратнопропорционално – колку помалку родителите поминуваат квалитетно време со своите деца и им пружаат помалку љубов, толку повеќе ќе расте незадоволството и агресијата кај нив“.
-Искрено мислам односно моето искуство ми покажало дека и пред воениот конфликт и пандемијата младите беа емоционално запоставени и недоволно разбрани. Возрасните беа преокупирани со градење кариери, децата оставени на баби и дедовци, трката по пари беше премногу изразена, која верувам дека сега со економската криза во државава е на повисоко ниво со што емоционално запоставување е зголемено поради стравот и борбата за опстанок кои се се почесто присутни кај возрасните. Како последица на тоа агресијата ке расте и тоа не само кај младите кои нема да имаат соодветна емоционална поддршка туку и кај возрасните кои живеат под се поголем притисок и немаат психички мир, советува Велевска.
Децидна е дека кризните состојби ќе резултираат со негативни психолошки состојби.
-Секако дека ваквите кризни состоби ќе резултираат со чувство на несигурност кај луѓето, која ги прави доста чувствителни и без самодоверба. Кога кај една личност подолго време преовладува ова чувство на несигурност и немање на самодоверба, шансите истата таа личност да падне во депресија се големи. Но, иако депресијата и агресивноста се поврзани сметам дека кај лицата прво се јавува агресивноста, со цел да привлечат внимание од околината, а откако ке увидат дека тоа не е вистинскиот начин, најчесто кога ке дојдат во судир со законот или ке бидат осудени и неразбрани за вистинската причина поради која биле агресивни, се затвараат во себе и полека но сигурно влегуваат во некои депресивни епизоди кои можат да имаат различно потекло, појаснува таа.
Смета дека емотивната криза во период на економска нестабилност може да се предизвика само поради стравот што пред сè се пренесува преку социјалните медиуми.
– Со тоа што расте стравот кај една индивидуа, се зголемува и потребата за борба за опстанок, а следствено на тоа се предизвикуваат и разни емотивни кризи кај младите, оценува таа.
Економската криза пропратена од социјалните мрежи опасна за емоционалната состојба кај човекот
Во минатото државите ширум светот државите се соочувале со поголеми или подеднакво големи кризи како оние со кои се соочуваме и денеска, но во денешно време ваквите кризи пропратени од социјалните медиуми, се уште поголема опасност, особено за децата.
Во однос на тоа зошто е важно исправно да се користат социјалните мрежи, комуниколог-специјалистот за односи со јавност и нови медиуми, Бојан Кордалов во разговор за МИА посочува дека доколку социјалните мрежи не се искористат правилно тие може да предизвика сериозно агресивно однесување, трауматски ефекти, но и последици кои може да ги чувствуваат во текот на целиот свој живот, па дури и пренесуваат врз други луѓе.
Вели дека примери во пракса од ваквата состојба се врсничкото насилство, повредување и себеповредување, па дури и самоубиствени нагони.
– Содржините на социјалните медиуми можат да помогнат, но можат и да го постигнат спротивниот ефект. Тоа зависи од дигиталната писменост кај секој човек и стекнатите вештини за правилно ползување на социјалните мрежи. Со други зборови, пред секој од нас постојат само два избори од кои само еден можеме да избереме: или ќе ги користиме предностите кои интернетот и дигиталните канали ни ги даваат, или, пак, ќе бидеме зависни од нив и ќе им робуваме, појаснува Кордалов.
И во услови на економска криза, модерен и брз начин на живеење, семејството на децата треба да одвојат време и разбирање за малолетниците. Велевска вели дека постојат повеќе знаци кои укажуваат на тоа дека кај една личнст расте агресијата.
-Најчесто тие лица бурно реагираат на најмали случувања, своето незадоволство го искажуваат веднаш, најчесто со повишување на тонот, а неретко се случува да фрлаат со предмети наоколу, да удираат со раце по маса или да уништуваат одредени предмети. Кај учениците агресијата може да се забележи од оној момент кога детето не успее во дадена активност да го фрла и уништува училишниот прибор, а често се случува своето незадоволство да го искажуваат преку влегување во конфликт со наставниците, особено кога се опоменети поради нивното несоодветно однесување. Ваквите деца дома може да се препознаат исто така ако се затвараат во себе, избегнуваат разговор со блиските членови од семејството и не споделуваат случувања од нивното секојдневие, особено тогаш кога се прашани. Значи прво се повлекуваат во себе, а потоа таа повлеченост често резултира со појава на агресивно однесување бидејки бесот и незадоволството расне внатре во нив и еден ден ке експлодира, буквално како бомба, вели психологот во разговор за МИА.
Додава дека за жал физичките пресметки се зачестени во училиштата, бидејќи младите сакаат брзо да ги решаваат проблемите и се почесто го избегнуваат вербален начин за нивно решавање.
Советува дека треба да се победи срамот во однос на посета и разговор со психолог, како и дека родителите треба да поминуваат повеќе време со нивните деца.
-Кога зборувам за поминување време со децата, не мислам само на заедничкото пишување домашни, носење на различни тренинзи и курсеви туку на време поминато во разговор, игри и прошетки со децата. Знам дека живееме брз начин на живот и дека времето е кратко, а обврските се поголеми, но добро е да се одреди ден кога целото семејство ке биде заедно, па макар од почетокот да биде на некој начин обврска, додека истото тоа поминување на заедничко семејно време да стане навика, желба и потреба. Во образовните институции потребно е поголема соработка помеѓу наставниците и стручниот кадар, како и пмеѓу наставниците и родителите. Пожелно е децата да не се заплашуваат дека доколку не се мирни ке одат на разговор кај психологот, поради што тие подоцна посетата кај психолог ја сфакаат трагично и страшо. Поради тоа не се осмелуваат да споделат кога имаат некои емоционален проблем бидејки се плашат од осуда или потсмевање од врсниците, потенцира Велевска.
Кордалов порачува дека кога станува збор за социјалните мрежи секој родител или возрасно лице треба постојано да се едуцира за новитетите и позитивните страни на интернетот и неопходно е Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука да изготват официјален курикулум за дигитални содржини кои ќе бидат дел од наставата и секој час на учениците уште од почетокот на нивното образование.
-Сметам дека е потребно уште од најрана возраст децата и младите да ги фокусираме кон корисните интернет содржини. Кон содржини кои се едукативни, применливи во процесот на учење, квалитетно поминување на слободното време и најважно од сѐ кон стекнувањето на вештини и знаење кои ќе им користат во текот на целиот живот. Интернетот е полн со такви содржини, еднакво барем колку што може да се сретнат и оние негативните, лоши содржини за развојот на децата и младите, оценува Кордалов.
Она што е најважно е да не се дозволи децата да израснат во личности кои своите емоции, незадоволства и фрустрации ќе ги искажуваат преку насилство. Тоа може да се постигне само со обрнување на внимание на емоциите на децата, победување на срамот за потребата од психолог, и едукација во однос на апсорбирањето на содржините кои се пласираат на социјалните мрежи.