Ноќта кон неделаа 45 минути по полноќ на подрачјето на Драчево од полициски службеници бил лишен од слобода 48-годишниот З.П. од Скопје поради тоа што дваесетина минути претходно во Поликлиниката Драчево агресивно се однесувал кон лекар и се обидел физички да го нападне, по што скршил прозорско стакло во холот.
Мажот е приведен во полициска станица, при што во службен разговор во целост го признал извршеното кривично дело.
Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.