Ахмети: Албанците не сакаат поделба, туку унитарна и рамноправна држава

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на партиски собир во Чаир ги отфрли, како што рече, „измислените наводи“ на дел од политичарите дека Албанците сакаат поделба на Македонија. „Ако Албанците сакале поделба, ќе ја направеле со петнаесет илјади вооружени војници. Ние сакаме унитарна и рамноправна држава за сите, а не тиранин за едни,“ истакна тој.

Потпишување на „Актот на Чаир“

На настанот, Ахмети заедно со кандидатите за градоначалници Бујар Османи и Скендер Реџепи – Зејд го потпиша таканаречениот „Акт на Чаир“.

Национално единство

Според лидерот на ДУИ, овој акт претставува „запечатување на најголемото национално единство од 2001 година“, нагласувајќи ја потребата од заедништво и рамноправност во државата.