Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска во изјава за медиумите рече дека се согласува да нема партиски вработувања и да се почитуваат професионалните вештини и квалификации на личностите.
„Во принцип се согласувам дека работите не треба да се случуваат вака. Треба да има меритократија, да се почитуваат професионалните вештини и квалификации. Но, мора да имаме на ум дека квалификувани работници, луѓе со знаење бегаат од нашата земја за подобри плати во Европа и тоа е нешто што најмногу ме загрижува, рече Ахмети на манифестацијата по повод годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег.
На новинарско прашање што презема за да ги спречи директорите на јавните институции да вработуваат партиски кадри, Ахмети рече дека ова е определба на која мора секој ден да се апелира до директорите, до извршната власт, за да се почитува меритократијата.