Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од сопартијци, ги продолжи средбите со граѓаните на општина Врапчиште. Пред присутните, покрај Ахмети, се обратија и претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот потпретседател на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, пратеникот Бајрам Кадрија и претседателот на огранокот на ДУИ во Врапчиште Неби Реџепи.
Ахмети зборуваше за важноста на проевропскиот фронт и обединувањето ан сите Албанци. Тој исто така ги повика и сограѓаните Македонци да им се придружат на Албанците на патот кон Европа.
Албанците заедно со нашите сограѓани мора да се обединат, па да не се зафаќаме со теми поврзани со изминатите 20 години, туку да гледаме во иднината. ДУИ е излезена од важни процеси, затоа мора да се инвестира во младите и да се жртвуваме за нивно добро. Јас имав 40 години кога ја почнав војната, па денес многу генерации пораснаа со ДУИ. Се залагаме против бирократијата, за транспарентност и отчетност бидејќи тоа се пари собрани од даночните обврзници. Скринингот мора да биде завршен во ноември, така што овој процес мора да го поминеме чекор по чекор. Имаме уште многу работа, бидејќи само така ќе се приближиме до Европа. Така се постигнува подобар стандард и се запира миграцијата и луѓето остануваат и се враќаат во својата земја. Да ги обединиме сите Албанци, да го направиме проевропскиот фронт, да ги повикаме нашите македонски сограѓани и да ја водиме оваа земја кон ЕУ . Со НАТО добивме многу, имаме безбедност во државата и сме еднакви со сите земји членки. Се бориме против криминалот, корупцијата, поделбите, затоа што работевме и ќе работиме за единство и зближување околу заедничката платформа, за новите генерации, затоа што на нивни плеќи се креваат други генерации. Се гордеам со нашите кадри секаде каде што се претставуваат, затоа мора да инвестираме во квалитетни кадри, изјави Ахмети.